Насловна / Хортикултура / Најдобрите пејзажни остварувања за 2013 година

Најдобрите пејзажни остварувања за 2013 година

Како што веќе беше пишувано во претходниот број, за најдобро дело на Светскиот фестивал за пејзажна архитектура за 2013 година е избрана Австралиската градина, па затоа е неминовно таа да се спомне и во контекст на оваа статија. Покрај неа, за годината што изминува, вреди да се споменат и следниве пејзажни зданија кои во голема мера може да се наречат и ремек-дела на модерната архитектура и хортикултура. Некои од нив во целост се завршени, а дел се во фаза на доизведба.

Mill River Park and Greenway –  Стемфорд, Конектикат (САД)

Овој проект е започнат со реализација во 2013 година. Тековно се градат поединечни делови, а целосната реализација се очекува да биде до 2015 година. Со изградба на овој парк во Стемфорд се подобрува квалитетот на животот на сите жители. Проектот создава зелена средина во централното градско подрачје, која има за цел да поврзе повеќе населби во една рекреативна целина. Едно е јасно: откако луѓето почнаа да ги користат изградените делови од овој парк, неговата вредност драстично се зголеми, а луѓето станаа негови најголеми чувари.

River Mill

Lotus Lake Park Куншан, Кина

Ова пејзажно ремек-дело се наоѓа во  Куншан, Кина, град со уникатна историја. Неговите жители ги негуваат културните традиции во овој регион низ годините. Овој парк е сместен помеѓу голем број трговски центри и сообраќајници. Основен елемент на оваа композиција претставува водата во паркот, која нуди пресликување на околниот пејзаж, како и запознавање со раскошната аквакултура што се развива во езерото. Самото име кажува дека станува збор за парк со езеро во кое доминантни се видовите од родот Nymphaea spp. По должина на брегот е подигнато шеталиште каде што има експонати од тенкови.

thumb-Lotus-Lake-Park_IPD_Kunshan_05-730x375

Gardens by the Bay, Сингапур

Еден дел од овие градини се отворени минатата година, а комплетирањето е завршено во 2013 год. Оваа градина се простира на површина од околу 101 хектар. Таа претставува зелена оаза и е прва од трите градини кои се дел од проектот за формирање на нова урбана оаза во Сингапур до 2015 година. Bay South ја сочинуваат голема збирка од специјално хортикултурно уредени градини. Врвот на визуелната претстава ја означуваат 18-те „супер дрвја“ – едноставно дизајнирани вертикални градини од тропски ползавци и папрати. Низ својата интелигентна инфраструктура, Bay South е добар пример за мултидисциплинарна работа. Оваа композиција неодамна ја доби наградата од реномираниот институт “Landscape” во категоријата „Kлиматски промени и адаптација“.

Gardens by the Bay 3

Целиот концепт е составен од три градини. Источна градина, која претставува совршено место за пикник, со тропски растенија, цветен колорит и прекрасен поглед кон  финансискиот центар на градот, заедно со два километри долгото шеталиште покрај водата. Најголема е Јужна градина каде може да се види футуристичкиот изглед на „супер дрвјата“, кои собираат дождовница, произведуваат соларна енергија и имаат канали за проветрување на паркот. Централна градина претставува конекција помеѓу источната и јужната градина по должина на Marina reservoir.

Victorian Desalination Plant Green Roof , Австралија

Ова вистинско ремек-дело на архитектите Аштон Регат МекДугал и Пек Вон Хартел се наоѓа во Викторија, Австралија. Целокупната површина на која е изградена кровната градина е 26.000 м2, за која се искористени 96.000 садници. Целта на овој проект е да се оплемени варовничкиот предел со автохтони растенија, кои променливо би се однесувале зависно од сезоната. Бенефитите од овој зелен покрив се согледуваат преку акустичната заштита, отпорноста на корозија, термичката контрола и малите средства за одржување.
Victorian Desalination Plant Green Roof-3

Ceramic Museum And Mosaic Park

Овој парк се наоѓа во градот Џинзу, град со три милиони жители. Архитектите Казанова и Хернандез имале за задача да проектираат парк со 176 хектари, кој би помогнал во борбата против засиленото урбано проширување на градот, место кое со својата убавина би го привлекла вниманието на граѓаните. Во првата фаза од изградбата, овој парк бил домаќин на Џинзу светската пејзажна изложба и воедно саем, а на просторот на неговото одржување, во иднина ќе израсне парк кој ќе претставува симбол на урбаниот развој. Музејот за керамика и Мозаичниот парк претставуваат спој на архитектурата и хортикултурата на начин кој обезбедува визуелно единство.
Ceramic Museum and Mosaic Park–Jinzhou 3

 

Испрати коментар

Scroll To Top