Градот Лос Анџелес се бори со климатските промени на разни начини. Најнов проект во низата е бојосувањето на градските улици со специјална боја која може да го намали ефектот од постојаниот пораст на амбиенталните температури особено во урбаните подрачја. Имено, познато е дека црната боја ги апсорбира сите бранови должини од светлината која се претвора во топлина.
Градовите со големи површини на црни асфалтни улици, како на пример Лос Анџелес сериозно го чувствуваат овој ефект кој придонесува за феноменот на т.н „топли урбани острови“. За да се спротистави на овој ефект, Лос Анџелес користи светло сива боја наречена CoolSeal.
Лос Анџелес е лидер во САД по својата борба против климатските промени. Во јуни годинава, градоначалникот Гарсети и градскиот совет усвоија некои од принципите од Парискиот климатски договор и ги инкорпорираа во легислативата на градот, и покрај ставот на Трамп и републиканската администрација за излегување на САД од овој Договор.
Градот има за цел да ја редуцира температурата во градот за три степени во текот на следните 20 години. Се разбира, покрај бојосувањето во акцискиот план за постигнување на оваа цел има многу мерки меѓу кои и масовно засадување на дрвја.