На 19-те гласачки места во општина Босилово требаше да излезат 5.151 гласач (50 отсто од запишаните гласачи) за да биде успешен референдумот за или против отворање рудници на територијата на оваа општина. Излезноста засега не е позната, но јасно е дека референдумот е неуспешен, не е исполнет законскиот цензус за да референдумското изјаснување биде легитимнo.
Многу граѓани во општина Босилово велат дека не биле ни информирани дека денеска има референдумско гласање. Граѓаните требаше да одговорат дали се за или против рудник за бакар и злато во Иловица.
Референдумот се одржа на иницијатива на граѓанското здружение Здрава котлина. Тие се изненадени од летаргичноста на жителите, но најавуваат дека нема да се откажат од иницијативата за отворање на каков било рудник на оваа територија.
Ова е втор неуспешен референдум. Претходно и во Валандово референдумот не успеа поради слабата излезност на граѓаните. Успешно завршија референдумите во Гевгелија, Богданци и Дојран.
На 17 септември референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во општина Ново Село.