Насловна / Дневни Вести / Отстранување на загадувањето со линданот во ОХИС

Отстранување на загадувањето со линданот во ОХИС

ohis.jpgСкопје – Отстранување на загадувањето и санација на старата депонија со линдан што се наоѓа во кругот на фабриката Охис е целта на студијата изработена од италијанската компанија Д`Аполонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Студијата  е изработена со финансиска подршка од Министерство за животна средина, територија и море на Италија и Швајцарската Влада.


На презентацијата на концептуелниот дизајн за санација на депонијата со линдан од ОХИС министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денеска истакна дека за тридеценискиот проблем со линданот имало изработено неколку студии, но без заокружен проект со кој ќе се предложат можни начини за негово решавање.
– Со оглед на тоа што оваа година линданот влезе во Монтреалскиот протокол преку програма за животна средина на Обединетите нации и ГЕФ можеме да најдеме средства за негово трајно решавање, рече Јакупи.


Професорот Светомир Хаџи-Јорданов посочи дека  линданот е стар отпад кој е во надлежноста на државата и оти интегрираните дозволи се предмет за работа на сегашното производство.


Проектот е дел од националната акција за ремедијација на „жешки точки“ и имплементација на Националниот имплементациски план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи (ПОПс). (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top