Насловна / Вести / За административците на САД, терминот „климатски промени“ забранет?!

За административците на САД, терминот „климатски промени“ забранет?!

USDA-zdanie

„Guardian“ пишува дека на вработените во американското Министерство за земјоделство (United States Department of Agriculture – USDA), им било кажано да избегуваат да го користат терминот „климатски промени“ и во својата работа да се служат со теминот „временски екстреми“. Ова го открива преписката помеѓу вработените во Службата за заштита на природните ресурси (Natural Resources Conservation Service – NRCS), која е во состав на споменатото Министерство, наведува британскиот медиум. На листата на термини кои не треба да се користат се наоѓа и терминот „прилагодување на климатските промени“, кој треба да се замени со „отпорност на временските екстреми“.

Ваквото однесување, колку и да звучи апсурдно, за многумина е очекувано, откако во јуни Трамп најави повлекување од Договорот за климата од Париз.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top