Насловна / Архитектура / Инвеститор организира лотарија за оние кои сакаат да живеат во неговата нова зграда

Инвеститор организира лотарија за оние кои сакаат да живеат во неговата нова зграда

Во зградата VIA 57 West на Менхетен проектирана од страна на славното студио BIG за инвеститорот Durst Organization, се наоѓаат 36 поволни станови, а оние кои бидат извлечени преку лотарија ќе бидат во можност да живеат во престижната адреса за „само“ 1.448 долари месечно, што е далеку пониско од просечната цена за таа локација, која чини 2.500 долари според порталот Curbed.њујорк_2

Меѓутоа, за да можат заинтересираните воопшто да учествуваат во лотаријата, нивната годишна плата треба да биде најмалку 51.532 долари, и во тој случај им припаѓа најмалиот стан во зградата. Ако сакаат поголем стан, тогаш заинтересираните ќе мораат да гарантираат со нивната повисока платежна моќ.

BIG ја дизајнирал оваа зграда од 87.330 метри квадратни во форма на тетраедар со шпицести завршетоци за да на повеќе станови им се овозможи поглед на реката Хадсон. Објектот со  метализирана завршница на идните станари им нуди разновидни активности како што се затворен базен, кошаркарско игралиште, кино сала… , и сето тоа на Менхетен.њујорк_1

Инвеститорот има направено лотарија, со цел да им обезбеди на оние со поплитки џебови да можат да живеат на престижната њујоршката локација.

Меѓутоа, јавноста го критикува овој потегот, сметајќи дека инвеститорот сака всушност да ги реши најлошите станови во зградата и од тоа прави публицитет што е добар маркетинг потег.

Испрати коментар

Scroll To Top