Една група иновативни ентузијасти од Шкотска му даде сосема нова намена на еден стар хеликоптер. Тие го купиле хеликоптерот Sea King, поранешен воен хеликоптер на кралското воздухопловство наменет за спасувачки операции, на една аукција. Хеликоптерот бил вон употреба, односно бил приземјен уште од 2002 година, а продаден на аукција во март 2016 за цена од 7.000 фунти.
Иако првично бил купен за да се искористат некои негови витални компоненти, сепак тој послужил за реализација на една револуционерна идеја. Транспортиран е во Thornhill, на оддалеченост од 320 милји, каде почнува неговата трансформација во модерен апартман.
Ентериерот се состои од мноштво содржини за забава на гостите од секоја генерација. Вградена е квалитететна термичка изолација за обезбедување комфорна услови во текот на целата година. Во апартманот може удобно да се смести петчлено, па дури и шестчлено семејство.
Најимпресивниот дел е реконструираниот кокпит, кој е создаден за одмор и релаксација.