Архитектурата на далечна Јапонија секогаш воодушева, како и нивната минималистичка животна филозофија. Архитектонското студио FORM/Kouichi Kimura Architects претстави фасцинантна резиденција во местото Шига, Јапонија, која ќе служи како студио и е дом на еден од локалните фотограф.
Проектот носи специфичен наслов House for a Photographer, а самата куќа се наоѓа во станбена област, во близина на еден храм.
Клиентот барал мултифункционален простор во кој може да твори, но во исто време да ја има топлината на домот. Како краен резултат тој токму тоа и го добил. Кога објектот се гледа од надвор, делува мошне студено, особено кога ќе се земе во предвид дека нема класични прозорци.
Ентериерот е, пак, направен од две варијанти на материјали, кои потоа ја претставуваат двојната функција на објектот. Дел е дизајниран така што во него доминира бетонот и има исклучително минималистички современ тренд, додека во вториот дел, во кој се живее, исполнет е со елементи од дрво кои на целиот простор му даваат посебна топлина. Бидејќи се работи за дом и студио на фотограф, на моменти делува како да е изложбен простор.