Насловна / Архитектура / „Цунами куќа“

„Цунами куќа“

cunami kuka_3_resize
Ураганот „Катрина“ и поларниот вител, кој „закопа“ големи делови од Северна Америка под снег, потсетуваат дека кога се екстремни временски услови, резултатите може да бидат катастрофални. „Цунами куќа“ (Tsunami House) e проект на архитектонското биро Designs Northwest Architects кој треба да ги издржи најлошите услови кои природата може да ги предизвика.

cunami kuka_4_resize
Сместена во регионот Камано острови, Вашингтон, САД , кој е склон кон чести поплави, оваа неодамна изградена двокатна (плус поткровје ) куќа на брегот, седи на темели од 1,5 метри височина , кои се дизајнирани да издржат цунами бранови со голема брзина.
Приземјето е повеќенаменски простор кој може да се пофали со ѕидови проектирани да се раздвојат ако цунами ја погоди куќата, задржувајќи го на тој начин конструктивниот интегритет на горните катови непроменет.

cunami kuka_5_resize
Главниот животен простор се наоѓа на вториот кат, а до него се стигнува преку силни челични скали од свиткани плочи. Катот содржи купатило, кујна и трпезарија, главна спална соба и една спална соба во поткровјето, во која се пристапува преку скалила.
Декорот е индустриски и не бара многу одржување, а стаклото, дрвото и бетонот најповеќе доминираат во ентериерот. Сепак, архитектите од бирото Designs Northwest Architects со употреба на дрво кедар и многу прозорци се обиделе да обезбедат топлина и многу природна светлина.

cunami kuka_1_resize cunami kuka_2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top