Љубителите на брзото возење од септември ќе уживаат и во еден поинаков концепт на трки во кои ќе учествуваат електрични возила. Во формула трките за е-автомобили ќе учествуваат 9 екипи, меѓу кои се познатите компании како Рено и Мекларен. Еден од учесниците е и тимот на Вентури, чиј модел VBB-3 го држи официјалниот рекорд на FIA за најголема постигната брзина од 495 km. Поддршка на настанот, и воопшто на еколошките возила стигна и од холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо.
Извор: EnergyNews