Насловна / Порта3 / Во јуни издадени 230 одобренија за градење

Во јуни издадени 230 одобренија за градење

Gradiliste

Во јуни годинава се издадени 230 одобренија за градење што е за 16,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 927 станови со вкупна корисна површина од 68.433 метри квадратни.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 3,806 милијарди денари што е за 13,6 отсто помалку во однос на ланскиот јуни.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 158 (68,7 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 19 или 8,3 отсто за објекти од нискоградба и 53, односно 23 отсто за објекти за реконструкција. Кај 155 објекти,односно 67,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 објекти (32,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

 

Испрати коментар

Scroll To Top