Насловна / Арт и дизајн / Хаос кој ги поврзува луѓето

Хаос кој ги поврзува луѓето

haos.jpg„The Sequence“ АРНЕ КИНЗЕ

„The Sequence“, е името на живописната,
црвенкасто-портокалова инсталација од
дрво и бетонски блокови. Скулптурата
долга 80 и висока 15 метри, е замислена
како стреа над дрворед на улица во Брисел.

Одвнатре, се доживува како испреплетен хаос,
креиран од фузија на безбројни дрвени летви.
Според авторот на проектот, белгискиот уметник и
дизај нер Арне Кинзе, инсталацијата е поставена со
намера да се надминат разликите меѓу луѓето, како и да се ис про воцира комуникација и движење на луѓето во
централното градско јадро.
„Мојата идеја беше да ги поттикнам луѓето повторно да
започнат да разговараат помеѓу себе, како порано.
Инсталацијата на симболично и физичко ниво поврзува две
соседни згради, фламанскиот парламент и домот на
државната управа. Сакам луѓето во Брисел да сфатат дека
сите имаат еднаква можност да учествуваат во градот, да
помислат на меѓукултурниот дијалог, поврзаноста со Европа,
нејзините различности и еднаквости“, вели Арне Кинзе.
Скулптурата три години ќе го краси Leuvenseweg, просторот
пред парламентот во Брисел. Потоа, употребениот материјал
за нејзиното градење ќе биде во целост рециклиран, а за
секое исечено и во инсталацијата искористено дрво ќе биде
засадено ново. haos2.jpg

„Street art “ бунтовник

Бунтовен, провокативен, иновативен…
Ова се зборовите што најдобро го
опишуваат самоукиот дизајнер Арне
Кинзе. Уметничката кариера ја
започнал на петнаесетгодишна
возраст, кога талкајќи низ светот како
бездомник, целата своја креативна
енергија ја насочил на „street art“ и
графити, со кои насликал стотици
возови, тунели и ѕидови. Во 1999
година ја лансирал својата прва
колекција „Primary Pouf“ направена
од пена која самиот ја патентирал и
основал сопствена компанија
„Quinze & Milan“. Денес тој е
креативен директор на компанијата
и го дизајнира поголемиот дел од
мебелот на овој светски бренд.
Во светот на уметноста е познат и по
своите јавни инсталации. Своите
визионерски идеи ги материјализира
со интервенции во урбаните делови
на светските метрополи.
Покрај „The Sequence“, тој е автор и
на други уметнички проекти. Со
светска слава се стекна во 2006
година, кога во пустината во Невада
ја направи огромната скулптура
„Uchronia“ . Една година подоцна, го
креираше „Cityscape“, подеднакво
импресивна инсталација изградена
од триесет столбови со висина од
дванаесет метри, кои потпираат
дрвени греди во должина од 60
километри. Тука треба да се
спомнат и современите превозни
средства, како што се „Magna“ и
„Skytracer“.
Сите негови дела ги карактеризира
складност, чистота и урбан сјај, и
затоа не изненадува фактот што во
целиот свет тие предизвикуваат
воодушевување и восхит.

Испрати коментар

Scroll To Top