Градоначалникот Андреј Жерновски и општинските служби го исполнија ветувањето на жителите дека триесет години старите улици „Апостол Гусларот“, „Борка Талески“ и „Стеван Јакимов Дедов“ конечно ќе добијат нов лик.
Деновиве интензивно се работеше и ударните дупки кои создаваа големи проблеми на возилата во сообраќајот, но и на пешаците и нивната безбедност сега се минато, и движењето се одвива нормално по реконструиран коловоз.
Вкупната должина на која ќе се рехабилитираше коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.
Ова се три значајни улици, и со ова oпштина Центар ги довршi отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.