Новата фасада на Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) ќе чини повеќе од 10 милиони евра. Изведбата ќе биде на градежната компанија „Бетон“ од Штип, а рокот за изведба на новата фасада на овој објект ќе трае 24 месеци. Основниот проект за зафатот го подготви „Неимар инженеринг“.
Од МЕПСО велат дека менувањето на фасадата во класичниот архитектонски стил, кој е во согласнот со проектот „Скопје 2014“, ќе се примени заради подобрување на енергетската ефикасност на зградата, но притоа ќе се реализира и ентериерна реконструкција на канцеларискиот простор. Реконструкцијата треба да почне наскоро, а за разлика од првично објавениот архитектонски труд кој предвидуваше скулптури од лавови на фасадата, тие отпаднаа од решението, а останаа високите класични столбови.