Насловна / Хортикултура / Австралиска градина – најдобар пејзажен проект во светот

Австралиска градина – најдобар пејзажен проект во светот

Наградата за најдобар пејзажен проект во светот, која секоја година ја доделува Светскиот фестивал на пејзажна архитектура, за 2013 година ја доби “The Australian Garden”. Се работи за ботаничка градина сместена на простор на поранешен каменолом во местото Кранбурн, на 45 км југоисточно од Мелбурн. Дизајнот е дело на познатиот австралиски архитект Тејлор Кулити, во соработка со експертот по ботаника Пол Томсон. Оваа градина е исклучиво посветена на автохтоната австралиска флора. Нарачател на проектот е „Royal Botanic Gardens од Кранбурн.

THE AUSTRALIAN GARDEN BY TAYLOR CULLITY LETHLEAN AND PAUL THOMPSON06

Севкупната површина на која се простира ова ремек-дело е 40 хектари. Ботаничката градина е работена во две фази; првата е остварена во 2005 година, додека втората фаза, а со тоа и нејзиното комплетирање, е завршена во 2012 година.

Официјалната цена, која ја обелодени инвеститорот, за целокупниот проект е 11 милиони долари, иако постојат голем број дискусии околу реалната цена, па се оди и дотаму дека таа сума е само за втората фаза на изградаба, додека првата фаза чинела неколкупати повеќе, па дури и се шпекулира со суми повисоки од 40 милиони долари.

1

Оваа градина е претставена преку моќта на пејзажната архитектура, спојувајќи ги во една целина хортикултурата, аритектурата, екологијата и уметноста. Овој пејзаж зрачи со оригиналност на австралискиот идентитет. Секое растение има своја „лична карта“ со основни информации. Основна цел која си ја зацртал архитектот при нејзиното проектирање е да ги поттикне посетителите да се запознаат со големиот број австралиски автохтони видови на растенија, но на еден поинаков начин.

completed-australian-garden-at-capel-manor1

Инаку, ова е една од најголемите ботанички градини во светот за австралиската флора, која со својата огромна збирка на билки претставува вистински научен и едукативен центар. Таа опфаќа голем биодиверзитет и затоа има потреба од заштита на одредени растителни врсти кои претставуваат важен чинител во одржувањето на билошкото население на светот.

Во грмушестиот дел од „Австралиската градина“ има 10 км пешачки патеки и посебни плацови за семејни излети, одмор и рекреација.

THE AUSTRALIAN GARDEN BY TAYLOR CULLITY LETHLEAN AND PAUL THOMPSON01

Гледано од птичја перспектива, главен фокусен елемент во градината претставува пространата пустина од црвен песок. Таа се одликува со еден живописен релјеф, на којшто се изработени песочни и растителни „кругови“ и „полумесечини“ во облик на могила, со што се симболизира брановитиот океан.

Испрати коментар

Scroll To Top