Насловна / Архитектура / „Вертикална шума“ во Утрехт ќе апсорбира штетни гасови

„Вертикална шума“ во Утрехт ќе апсорбира штетни гасови

Utreht - Kula suma

Во холандскиот град Утрехт наскоро ќе се гради 90 метри висока зграда на чија надворешна страна ќе бидат посадени 300 различни видови билки за кои се предвидува дека годишно ќе апсорбира 5,4 тони јаглерод диоксид, а ќе генерира 41,4 тони кислород. Надворешниот дел од зградата, фасадата, терасите и покривот ќе го красат 10.000 стебла и грмушки , а внатре ќе се наоѓаат 200 луксузни апартмани, ресторани, канцеларии и фитнес центар.

Utreht kula suma1

Оваа повеќенаменска зграда ја нарекуваат „здрав центар на Утрехт“ бидејќи ќе содржи ресторани со здрава храна, теретана, јога студио, и јавен парк. Зградата носи назив  Utrecht Vertical Forest и целта е да го направи градот позелен и поздрав за живот. Изградбата ќе почне во 2019 година, а се очекува да трае три години.

Utreht kula suma2

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top