FLAT.SCAPES:LAB 4.0 е студиска програма наменета за студенти и млади архитекти, реализирана од IDnet и Centar Arhitekture од Нови Сад, Србија, со поддршка на стотина студенти по архитектура од регионот (Скопје, Бања Лука, Подгорица и Сараево) и останати студенти од релевантни соработници од Холандија, Шпанија, Франција и Швајцарија.
После три успешно решени мистерии во Холандија 2011 FLATscapes, Шпанија 2012 EScapes и Франција, Швајцарија 2013 FRearCH, во склоп на платформата SPACES:LAB, оваа година на мапа повторно е Холандија, но овој пат со значително побогата платформа за која ќе придонесат сите контакти остварени во претходните циклуси. Студиската програма FLAT.SCAPES:LAB 4.0 подразбира истражување на различни феномени од архитектурата и урбаното планирање во Холандија, кое опфаќа период од февруари 2014, заклучно со студиското патување во јули 2014 година.
Платформата SCAPES:LAB ги соединува сите капацитети во единствена, колаборативна платформа на интензивно искуство, преку директна соработка со поширокиот круг на институции и бироа, како и останати организации мапирани во изминатиот период, со идеја за остварување на директен контакт со феномените на архитектурата и урбаното планирање. Самата платформа не е поврзана со ниту една академска институција, туку е независна и поткрепена од висококвалитетен методолошки потенцијал за иновација во истражувањето, односно образованието.
Дополнително, нејзиниот регионален карактер (транзициски земји од регионот), вмрежен во интензивна размена со европскиот контекст, овозможува една сложена и значајна мрежа на архитекти/урбанисти, независни истражувачи, активисти, едукатори и академски кадри, како се воспоставува меѓусебна соработка и потенцијални нови проекти. Таквото искуство на директна соработка, работа, дискусија и размена со одредени релевантни автори, проекти, иницијативи, универзитети, концепти и поединечни феномени на професионален план, создаваат огромен придонес во надминување на формалниот академски контекст.
FLAT.SCAPES:LAB 4.0 – PROGRAM
Проектот опфаќа три подеднакво битни фази:
ФАЗА 1: АНАЛИЗА (февруари – јуни 2014) – Серија работилници и состаноци (вклучувајќи и меѓународни видео конференции) во кои се мапираат и дефинираат потребните методи за истражување. Во оваа фаза, секоја група добива стриктна задача и дава придонес во форма на текст, анализа во договорен формат и форма, на посебна тема, објект, план или автор (концепт, релевантност, контекст, употреба, значајност, впечаток и личен критички став). Резултат од оваа фаза се серија на истражувачки трудови, изработени во воведните работилници, кои отвораат прашања и создаваат критичко согледување на контекстите што подоцна ќе се посетат.
ФАЗА 2: СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ (јули 2014) – Посета, соочување, интервју, работилници, архитектонски прошетки, конференции и дебати на контексти групно разгледувани во првата фаза, секогаш во присуство на локални партнери, автори, архитекти/урбанисти, теоретичари, независни истражувачи, професори… Една таква голема група на учесници, создава возбудлива атмосвера на размена, поддржана и зајакната од присуството на авторите, архитектите, односно универзитетите, институциите и проектанските бироа од Холандија.
ФАЗА 3: ПОСТ-ПРОДУКЦИЈА (август – декември 2014) – Се состои од евалуација на фаза 2 со формирање на дигитални архиви од добиените материјали и резултати (трудови, фотографии, видео и аудио архиви, во задолжителна размена помеѓу учесниците). Дебати, изложби, case/could студии, работилници, конференции и сл. Преку интензивна дискусија, сите се охрабрени да произведат индивидуални одговори и применливи заклучоци во различни формати.
(до 17 јануари трае early fee регистрација)