Латвискиот павилјон ќе биде
поставен во централниот дел
на Експо-то во Шангај 2010
година и ќе се наоѓа веднаш
до павилјоните на Естонија,
Данска, Грција и Белгија. Локацијата на
павилјонот зафаќа површина од околу
1000 м2.
Тема на павилјонот е “Иновација на
градот и технологијата”. Неговата
порака е дека патот до среќата
на човекот води единствено преку
постигнување хармонија на природата
и технологијата.
Павилјонот се состои
од три сегменти, односно човекот,
природата и технологијата што треба
да живеат во хармонија.
Фасадата што ја симболизира
природата со сите нејзини страни:
шумите, морињата, земјата и небото,
ќе претставува композиција од 100
000 илјади колоритни и транспарентни
пластични облоги. Тие ќе бидат со
димензија од 15х15 см и ќе светкаат
нишајќи се во просторот, со што ќе се
постигне динамички ефект.
Влезното скалиште во павилјонот
е спирално и тоа ве води кон гор-
ните катови, презентирајќи го кон-
тинуираниот, прогресивен развој на човештвото. На крајот на скалите, на
третиот кат, посетителите ќе забележат
вертикален тунел направен од стакло,
исполнет со луѓе кои ќе летаат. Ова е
таканаречениот тунел на ветерот. Со
најновите технолошки достигнувања,
луѓето сега можат да летаат во
фигуративна и буквална смисла
на зборот, со што ќе почувствуваат
среќа и енергија која досега не ја
почувствувале.
Во павилјонот ќе бидат поставени
touch екрани преку кои посетителите
ќе може да дознаат информации
за Латвија, од областа на културата,
технологијата и традицијата. За време
на шестмесечниот ЕКСПО 2010 на нив
исто така ќе се прикажуваат латвиските
културни достигнувања, нивните
мерки за зачувување на природата и
технолошките достигнувања. Освен
овие touch екрани во посебни
изложбени простории ќе бидат
прикажувани видео записи на
најразлични теми поврзани со Латвија.
На приземјето во павилјонот ќе бидат
организирани продавница за сувенири,
кафе-бар, сали за конференции итн.
Идејата и дизајнот на Латвискиот
павилјон се на латвискиот архитектонски
тим Mailītis A.I.I.M.
Сања ВЕЛИЧКОВСКА,
дипл. инж. арх.