„Северен поток 2” за германската канцеларка Ангела Меркел во почетокот претставуваше „ѓаволски проект на Москва“. Меѓутоа, денес токму таа е голем заговорник на гасоводот, со кој дури 70 отсто од рускиот гас ќе доаѓа во Германија. Многу европски партнери на Германија се навредени со тоа што Берлин „отворено го поддржува бизнисот на рускиот претседател Владимир Путин” – проектот за гасоводот „Северен поток 2“, пишува неделникот „Шпигл”.