Насловна / Арт и дизајн / Шума од чадори

Шума од чадори

cadori.jpgКога посетителите на “eXPO 2010” во
Шангај ќе го посетат павилјонот на
мексико, пред себе нема да видат
зграда, туку зелен појас со шума од
чадори во различни бои. 130-те чадори во
црвена, жолта, виолетова, сина и зелена боја кои
изгледаат како летечки змејови ќе бидат направени
од еколошка пластика која ќе свети навечер и

ќе
имаат различна висина од 4.5 метри до 13.5 метри.
оддалеку, павилјонот ќе личи на плоштад со група
луѓе кои летаат летечки змејови во најразлични бои.
тие нема само да изгледаат убаво, туку и ќе ги
штитат посетителите од сонцето и дождовите. 

 

Изложбениот павилјон со големина од 4000 м2
со информации за мексиканската култура и
традиција, ќе биде сместен два ката под земја.
Во него посетителите ќе можат да се запознаат
со историјата, традицијата и културата на
мексико.

cadori2.jpg

Павилјонот ќе биде составен од три
дела и ги презентира минатото, сегашноста и
иднината. минатото ќе биде прикажано на три
големи екрани на кои ке се емитуваат стории за
историјата на мексико и античките цивилизации.
Во сегашноста ќе биде презентиран сегашниот
изглед на мексиканските градови, а во третиот
дел, односно идината, таканаречената шума
од чадори. Во склоп на павилјонот ќе биде
отворен и ресторан со големина од 400 м2 каде
посетители ќе можат да пробаат специјалитети од
мексиканската кујна, како и продавница каде ќе
можат да се купат рачно изработени сувенири од
мексико.

  cadori1.jpg

Дизајнот на павилјонот што го направи тимот на
архитекти на студиото “SLOT” се базира на идејата
за создавање на зелен појас во рамките на
“eXPO 2010”, и во исто време пренесува порака
дека животот во градовите, може да се подобри
единствено со зголемување на слободните зелени
површини.

 

Сања ВЕЛИЧКОВСКА

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top