Хотелот The Slow во Бали е совршено место каде што се сретнуваат модата, уметноста и гастрономијата.
Кога зборуваме за дизајнот, во оваа зен оаза се испреплетуваат минималистичкиот стил и софистицирани текстури и нијанси кои оставаат еден многу смирувачки впечаток.
Овој навистина прекрасен хотел може да се пофали со специјално дизајнирани соби во приземјето, каде секоја од нив има и приватен базен, додека собите на горните катови нудат магичен поглед на фантастичните оризови полиња.
Елегантни линии, тропски здив, custom made мебел, бетон и мермер, се главните фактори, кои визуелно го зголемуваат овој прекрасен хотелски простор.
Исто така, секоја соба има и уникатни уметнички дела кои ги красат.
Се разбира, во овој „рај за релаксација“ е неизбежен и гастрономскиот момент кој нуди традиционални вкусни закуски направени со свежи и локални состојки.