Група на некогашните островски воени утврдувања и касарни, кои го штителе Хелсинки од страна на морето, го изгубиле своето значење со текот на времето, но во последно време почнале да се реновираат, да се приспособуваат на туристите и да се претвораат во ресторани, кафулиња и места за прослави.
Според проектот на финското архитектонско студио OOPEAA, неодамна и касарната на островот Suomenlinna доби нова намена. Денес таа претставува голема и пространа сауна Lonna!
Lonna сауната ја комплетирала понудата на островот, пишува Dezeen.
„Сауната нуди релаксација и уживање во морскиот пејзаж. Тоа е дел од уникатната животна средина, каде што човекот се сретнува со природата и остварува дијалог“, изјавиле архитектите од студиото OOPEAA.
Сауната со површина од 190 квадратни метри, со формата и дизајнот е во согласност со постојните објекти. Внатрешноста е целосно трансформирана, додека оригиналниот изглед на зградата е задржан.
Материјалите што се користени во изградбата на сауната се природни и се вградени со традиционални техники во објектот.
Внатрешноста на сауната е речиси целосно покриена со ариш дрво, од коешто е изведена и скалестата тераса која се протега се до брегот.