Иновативниот концепт на стаклена топка Globe во која се крие мини растителен свет, кој гарантирано привлекува внимание на набљудувачите.
Во прашање е сосема нова перспектива за гледање и чување на растенија. Всушност, тоа е рачно направена стаклена висечка топка во која се наоѓа мал растителен свет.
Зад овој атрактивен концепт стои студиото на дизајнерот Ричард Кларксон. Иако Globe е изворно осмислен како еден вид терариум за папрат, мов и слично, дизајнерите наскоро откриле дека тој може да понуди и други дополнителни опции. Стаклената топка доаѓа во две големини и е достапна со или без ЛЕД осветлување.
Има речиси невидлив кабел за напојување, а целта на оваа приказна е секако вниманието на гледачот на детали внатре во топката.
Надвор од својата примарна функција, Globe може да биде во функција на светлечко тело, но исто така и како сад кој може да се наполни со вода, со цел да се создадат различни светлосни ефекти.