Насловна / Вести / Клучка „ноќна мора“ (Видео)

Клучка „ноќна мора“ (Видео)

KIna klucka Nokjna mora

Новоотворената клучка на пет нивоа, на автопатот на периферијата на градот Чонгџинг, метропола во југозападна Кина, веќе ги доведува возачите до очај. Тие се чувствуваат изгубено во овој бетонски лавиринт, налик на порција шпагети, јавува France Presse. Изградбата на клучката траела осум години. Највисоката автомобилска лента се наоѓа на височина од 37 метри и има 15 излези.

KIna klucka nokjna mora1

Еден службеник од градскиот уред за урбанизам изјавил дека комплексниот проект бил неопходен поради поврзувањето на центарот на градот со аеродромот и автопатот, при што секој излез на клучката води во различна зона на градот. Оваа навигациска „ноќна мора“ брзо го запали Интернет, па можат да се најдат многу досетливи коментари на социјалните мрежи.

Kina klucka nokjna mora2

Видео:

Испрати коментар

Scroll To Top