Иако се претпоставува дека се ретки оние што можат да кажат дека скандинавскиот стил на уредување на ентериери не им се допаѓа, понекогаш и не е лошо да се понуди и нешто поинаку. Така, шведското дизајнерско студио Note Design Studio го претстави проектот Hidden Tints на уредување на стан, за кој не се воделе од познати минималистички принципи, туку повеќе акцентот е ставен на современиот мебел и мноштвото пастелни бои.
Поконкретно, проектот служел за преуредување на стара канцеларија во луксузен стан. Основните насоки биле познати уште на самиот почеток, а првично просториите биле во зелена, жолта и розoва боја. Се работи за стан во зграда од 19 век, кој опфаќа 200 квадратни метри, а клиентите сакале дом кoj нема премногу да ја компромитира оригиналната vintage атмосфера. Палета на светли и лесни пастелни бои, се најде на ѕидовите, рамовите од прозорците, но и во однос на мебелот и целата низа на декоративни детали.
Некои соби се намерно направени во една боја, додека во други се преплетуваат неколку тонови.