Инвестицијата на турската компанија „Фибула“ во струшкиот хотел „Изгрев“ ќе го направи струшкото крајбрежје атрактивно. Градежните активности се во тек, а се очекува хотелот да биде отворен за неколку месеци.
Хотелот треба да биде со пет звезди и на гостите ќе им понуди најразлични активности: аква парк, голем спа центар, турски бањи, затворен базен и друго. Предвидено е комплексот да има 208 соби и повеќе од 200 вработувања. Тој ќе биде сличен со хотелите во познатото летувалиште Анталија во Турција.