Изведена со иницијално огранчен буџет од 3 милиони долари, 95 King претставува смела и динамична реобнова и ревитализација на историски објект во центарот на Хамилтон, Канада. Интегрирајќи нов уметнички центар со повеќенаменски галериски простор, осум уметнички студија, сала за состаноци и 12 станбени единици, објектот е замислен како вивиден центар за уметничката заедница, место со широко и значајно влијание како мултифункционален центар за сите љубители на уметноста, проследен со креативни секојдневни активности.
Визуелната поврзаност помеѓу станбените единици и уметничките ателјеа е обезбедена преку поставување на тесни, издолжени прозорски отвори долж коридорите. Симболизацијата и означувањето на функционалните намени во внатрешноста е изведена со графички дизајни кои се дело на архитектите, дел од нив инспирирани од разни цитати реферирани кон уметноста. Застапениот колорит, применет како економична алатка за разубавување на ентериерот, придонесува за креација на богата, пријатна и жива работна и станбена средина.
Основната цел на архитектонското студио Thier+Curran Architects претсавува создавање на инспиративен простор за работа, живеење и уживање.