Насловна / Вести / 93% од рибниот фонд на Медитеранот е загрозен

93% од рибниот фонд на Медитеранот е загрозен

Ribi

Повереникот на Европската Комисија за животна средина, поморство и рибарство, најави нова Стратегија за рибарството на Медитеранот, со цел заштита на сите загрозени видови риби, од кои некои се пред целосно истребување. „ЕУ планира низа мерки кои ќе резултираат во долгорочно одржливо рибарство“, изјави повереникот веднаш по министерската конференција и форум, одржани во рамките на најголемиот саем на морска храна во Европа, „Seafood Expo“ во Брисел. Скопо сите видови риба во Средоземјето покажуваат знаци на прекумерен риболов, а според проценките на научниците, најзагрозен вид е осличот кој се лови со стапка која е од 4-12 пати поголема од неговиот природен прираст.

Seafood-Expo_01

Дури 93% од досега научно проценетите видови риби во Медитеранот прекумерно се ловат и се сериозно загрозени. Загрозен е и опстанокот на околу 300.000 рибари во земјите од Медитеранот членки на ЕУ. Затоа, Комисијата стартува со нова Стратегија за Средоземјето, со цел подобрување на состојбата и заштита на загрозените видови. Меѓу научниците нема сомневање дека освен загадувањето и климатските промени кои имаат сериозно влијание врз актуеланата состојба со рибниот фонд, прекумерниот и неконтролиран риболов е еден од клучните фактори

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top