Насловна / Вести / 92 милиони евра од ИПА за пречистителни станици за отпадни води

92 милиони евра од ИПА за пречистителни станици за отпадни води

Precistitelni_stanici_za_otpadna_voda(prep)1
Поглавјето животна средина е едно од најкомплексните, а воедно и најскапите поглавја за пристапување кон ЕУ, и побарува големи финансиски вложувања за достигнување на поставените стандарди. Продлабочувајќи ја анализата, сосема е оправдана констатацијата дека областите на управување со отпадот и управување со водите се најскапи области.

Ова денеска го кажа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во своето обраќање на работниот состанок на тема „Обврски кои произлегуваат за општините и јавните комунални претпријатија пред и во фаза на спроведување на проектите за изградба на пречистителни станици за отпадни води планирани за градба во рамки на ИПА Оперативната програма за регионален развој 2007-2013“.

Преку ИПА, во рамките на програмскиот период 2007-2013 година предвидени се 92 милиони евра кои се однесуваат на пoдготовка на документација и изградба на инфрасктруктура за управување со водите и отпадот.

Изаири потсети дека веќе се спроведува проектот за проширување и рехабилитација на канализационата мрежа во Прилеп, како и за започнатиот проект за изградба на пречистителна станица за градот Прилеп.

Претставникот на ЕУ делегацијата во Македонија Мартин Клауке нагласи дека Европската Унија поставува висoки стандарди за квалитетна животна средина, во кои спаѓаат реките, подземните и крајбрежните води.

– Тоа се цели за постигнување добар статус за европските води. Ова е навистина многу тежок предизвик, меѓутоа е важно за урбаните отпадни води да се контролираат во самиот извор, – истакна Клауке.

Испрати коментар

Scroll To Top