Насловна / Вести / Граѓаните на Плоче во Хрватска против изградбата на централа на јаглен

Граѓаните на Плоче во Хрватска против изградбата на централа на јаглен

ploce ref1
Советодавниот референдум за изградба на термоцентралата на јаглен во градот Плоче во Хрватска е успешен, бидејќи над 90 проценти од граѓаните гласале против овој објект. Се работи за термоцентрала со моќност од 800 MW, која предизвика бројни контроверзии и негодувања во јавноста. Според неслужбените резултати од референдумот, од 8.700 гласачи излегле 60,4%, од кои 90,79% се изјасниле против.

ploce ref
Градоначалникот на Плоче се заблагодарил на своите сограѓани за покажаната свест, потенцирајќи дека Владата не смее да ја игнорира оваа порака. Против проектот своевремено се изјасни и Градскиот Совет на Плоче, како и жупанијата.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top