Во Русија по проекти на странски бироа се градат приватни куќи, станбени комплекси, деловни и мултифункционални центри, филхармонии и седишта на компанијата. Странските архитекти учествуваат во развитокот на концепти за на московските населби во рамките на програмата за реновирање.
Неколку големи проекти кои денес се реализираат според проекти на странци.
„Рублево-Архангельское“- развоен проект
Три странски проектантски бироа победија на меѓународниот конкурс за оваа нова, грандиозна населба која ќе се гради на западната страна на руската престолнина Москва. Тоа се проектантските бироа, британското Zaha Hadid Architects, Nikken Sekkei од Јапонија, како и италијанските архитекти Archea Associati. Тимовите ќе работат на изградба на објекти кои ќе се наоѓаат на површина од преку 460 хектари и ќе опфаќаат 4 милиони квадратни метри.
Остров во центарот на Калининград
Британското архитектонско биро LAD подготви проект за изградба на островот Октабрија во центарот на Калининград. Мастер планот на островот беше развиен земајќи ги предвид долгорочните планови за развој на територијата: посебна административна област и културен и спортски центар.
Програмата за реновирање на Вернадски проспект
Бирото на шпанскиот архитект Рикардо Бофил во конзорциум со руското биро „Мастер план” го освои градскиот натпревар во Москва за изработка на концептот на локацијата за реновирање на Вернадски проспект. Според авторите на локацијата ќе се градат канцелариски кули во форма на порти, станбени згради со приватни дворови, нови училишта и детски градинки, центар за физичка култура, образовен центар, поликлиника и други социјални установи.
Градското подрачје на Хорошево-Мневника
Јапонското биро Nikken Sekkei, во соработка со руското UNK Project, разви концепт за уште една експериментална локација за реновирање во градското подрачје на Хорошево-Мневниках. Проектантскиот тим предложи да се создаде убав центар на населбата, да се изградат тесни станбени згради, не повисоки од десет ката, социјални објекти и систем на плоштади, од кои едниот е наречен плоштад Сакура.
Зграда на РМК во Екатеринбург
По проект на британскиот архитект Норман Фостер во Екатеринбург се гради седиштето на Руската компанија за бакар – РМК. 15-катна зграда со висина од 87,5 метри со необична фасада – ќе биде покриена со панели од нерѓосувачки челик, измешани со бакар и ќе ја менуваат бојата во зависност од времето на денот и светлината.
Туристички центар во Новоросиск
Британското биро Zaha Hadid Architects победи на конкурсот за најдобар концепт за изградба на насипот на адмирал Серебрјаков во Новоросиск. Ќе се создаде туристички и рекреативен центар, фокусиран на бизнис туризам и корпоративни настани. Архитектите на Zaha Hadid Architects предложија изградба на девет згради поврзани со патеки, плоштади, подиуми.
Филхармонија во Екатеринбург
Zaha Hadid Architects, исто така разви и проект за концертна сала на Свердловската државна филхармонија во Екатеринбург. Архитектите создадоа необичен проект со брановиден покрив. Новата филхармонија ќе има две концертни сали (голема и мала), салон, канцеларии и зелена зона.
Мултифункционален центар во Москва
Швајцарското архитектонско биро Herzog & de Meuron е автор на концептот на локацијата на местото на поранешната фабрика за моливи „ Сакко и Ванцетти“и поранешната пивница Бадаевски помеѓу Кутузовскиот проспект и насипот Тарас Шевченко. Според проектот, ќе бидат зачувани историски фабрички згради, а нови ќе се издигнат над нив.
Институт за наука и технологија „Сколково“
Во московскиот институт „Сколково“, изградбата на кампусот на Институтот за наука и технологија е завршена. Проектот на овој необичен објект е на швајцарските архитекти од бирото Herzog & de Meuron. Школки се дизајнирани во форма на надворешни и внатрешни прстени и обложени се со дрвени панели за контрола на дневната светлина.