Архитектонското студио JEMS Architects беше задолжено за просторната интервенција во Вола, централната област на Варшава, Полска, поточно за трансформацијата на јавниот простор што ја опкружува, искористувајќи го нејзиниот специфичен карактер и остатоците од историското јадро, со цел да се создаде атрактивно и во исто време социјално место за жителите.
Пиварниците се конфигурирани како главна оска на проектот, тоа се должи на силната поврзаност што ја имаат со јавните простори, потоа со станбено-деловните комплекси, фокусирајќи се на сите јавни дејствија што се случуваат на улиците и плоштадите, согласно потребите на овие простори посветени на уживањето во пивото.
Просторот околу Варшавската пиварница, како проект на архитектонското студио JEMS Архитекти има за цел да развие нов мастер план кој се издвојува по диференцирањето на објектите преку фасадната обработка и намената, иако според формата и обемот на комплексот му даваат хомоген карактер.
Пиварницата се наоѓа во центарот на комплексот во Cellars, веднаш до старата пиварница. На просторите меѓу зградите и внатре во нив предвидени се градини кои на проектот му додаваат зелени енклави погодни за рекреација, далеку од градскиот метеж. На овој начин, проектот генерира нови јавни простори, каде што може корисникот да се дефокусира од секојдневието и да ужива во зелените коридори.
Она што некогаш беше празен и пуст дел од градот стана четврт полн со живот, каде историските градби и модерната архитектура се испреплетуваат во хармонија со зелените и социо-јавните простори. Студиото JEMS архитекти за проектот се здоби со титулата најдобар проект за урбана регенерација во светот.
Денешна Варшава е динамична европска метропола со прилично инвазивна историја зад себе. Лузните од минатото сè уште го мачат урбаното ткиво и служат како потсетник на војната, која резултираше со уништување на поголемиот дел од историското ткиво на градот. Бројни проекти со комбинирани намени, континуирано го трансформираат лицето на главниот полски град, правејќи го поатрактивно место за живеење. Еден од таквите успешни проекти е и Варшавската пиварница.
Пред војната, пиварниците беа важно место на ноќниот живот во Варшава: тука се наоѓаше една од најголемите пиварници во земјата. Објектите во себе вклучуваа станици за сортирање на јачмен, пиварници, работилници за одржување, како и фабрика за производство на буриња за пиво. Со текот на времето, индустриските објекти се детериоризираа и површината од 4,4 хектари стана една од најголемите запуштени централни урбани делови. Сместено во областа Вола, сега е срцето на новиот деловен центар во Варшава. Четврта преовладува со облакодери, но за жал и недостигаат вибрациите на градскиот живот, лишена од угостителски објекти и зелени површини кои претставуваат витални елементи на урбаниот крвоток.
Главната идеја со планскиот опфат беше „да се врати градот во градот“, имајќи предвид дека добро функционалниот град е комбинација од функции, каде што границите постојано се менуваат. Тие поставија жив урбан комплекс, полн со улички, премини и дворови. – Густата мрежа на коридори која се протега на повеќе нивоа ги привлекува луѓето и ги поттикнува да поминуваат повеќе од своето време таму во било која доба од денот.
Тоа е она што ги прави посетени денешните пиварници, бидејќи пред се имаат улога на пунктуално социјално јадро, дали за работа, средба со пријатели, одмор или игра. Областа е населена со станбени и деловни згради, надополнети со комерцијални и сервисни намени, популарни ресторани, кафулиња и конференциски сали. Нормално, во центарот на интервенцијата има и пиварница, како своевиден гениус лоци (дух на местото). Полуприватни и јавни простори: плоштади, ходници, улички и тесни улички кои ве тераат да сакате да истражувате. Фасцинантниот натпис над вратата најавува извонредно искуство кое гласи: „Градот се случува овде“.
За да се избегне чувството на монотонија во новосоздадениот дел од градот, новите згради емитираат „вибрантност“, која произлегува од урбаната логика на различните фасади. Обликот, обемот и деталите служат за обезбедување кохерентност.
Еден од врзните елементи, кои исто така го отсликуваат индустриското минато на областа, се историските згради на пиварницата: вилата на сопственикот на фабриката, лабораторијата, пиварницата и визбите на пиварницата. Местото кое ги поврзува сите функции и срцето на целиот комплекс е главниот плоштад: Brewhouse Market. Секогаш кога е можно, нужно е да зачуваат трагите од минатите епохи, прикажувајќи различни „фази од животот“ на објектите. Материјалите и решенијата што се користат во фасадите се симболичен знак на историските градби, иако во дизајнот тие се далеку контрастни со нив, вели Марек Москал, еден од основачите на JEMS Architects.
Од моефологијата на историското јадро произлезе и типологијата на модерните апартмани во зградата Brewhouse, која прерасна во централен простор и белег на целиот комплекс. Својот уникатен карактер го должи на фасадата составена од преклопни ролетни, исполнети со алуминиумска мрежа во боја на бакар. Поради својата груба текстура и боја, фасадата комуницира со историските згради на пиварите. Подвижните елементи ја менуваат структурата на фасадата, во зависност од тоа како секој жител субјективно интервенирал. На овој начин тие можат да ја заштитат својата приватност, како и да управуваат со количината на сончева светлина, избегнувајќи прегревање во лето.
Процесот на постиндустриска трансформација на Варшавската пиварница трае повеќе од шест години. Денес ревитализираната четврт за жителите не прерасна во посебен град во градот, туку продолжување на градот, негово надополнување. Главните сообраќајните правци кои продираат во внатрешноста на блокот создадоа нови пешачки рути, што значително им го олеснува движењето на жителите.
Големата награда SARP, Големата награда на претседателот на Варшава, почесното признание од Brick Award, Food Business Forum 2021, CEE Investment Awards, CEEQA 2021 за безвременски дизајн и MAPIC Awards 2022 во категоријата за најдобра урбана регенерација урбана е потврда дека пиварниците не само што ги редефинираат урбаните стандарди, туку и ги обликуваат просторите на заедницата. Успехот на конкретниот проект им обезбедува добри акредитации на неговите креатори, отворајќи им ги вратите за работа на други простори кои ги обликуваат градовите во Полска, но и на меѓународно ниво.