До 2020 година на германските улици би требало да има милион електрични возила. Меѓутоа, моментално се само 60.000. Поштата од пред неколку дена со електрични автомобили доставува пакети и писма. „Стритскутерот можеби и нема најдобро дизајнерско решение, но сигурно е дека е практичен” – смета германската министерка за заштита на животната средина Барбара Хендрикс. Членот на Управниот одбор на Германски пошти Јирген Гердез, за разлика од министерката Хендрикс, смета дека Стритскутерот е многу убав. Хендрикс и Гердез во Херлен покрај Ахен, на Поштата и предадоа илјада жолти автомобили со кои ќе се доставуваат пакети и писма.