Да учиме од настаните во минатото, но да гледаме напред, да ги следиме светските трендови
Форум Скопје ми остави огромна колекција материјали која ја збогатувам се повеќе. Од тука ќе произлезат пред се изложби, интернационални, каде тематиката Скопје би се пренела на едно поголемо ниво. Неблагодарно би било да се вртиме кон минатото и да почнеме да ги надополнуваме пропустите од пред 40 години. И тоа само по себе би било само уште еден пропуст
Вие бевте организатор на неодамна
одржаниот Форум Скопје 2008, на кој се отвори дебата на една досега
игнорирана тема за архитектурата во главниот град по земјотресот во
1963 година. Од каде идејата?
Идејата ја носам уште од самите мои почетоци во архитектурата, пред
10-тина години. Да можеш нешто да создаваш на некое ниво, пред се би
требало прво да си го осознаеш својот bekground па така, уште со самото
мое доаѓање во Виена, заедно со архитект Сергеј Никољски почнувам да
“се вртам” околу темата Скопје, земјотресот и неговата реизградба. Како
растев и се образував со идејата Скопје, некои работи ми стануваа с”
појасни… На почетокот беше проект за павилјон – омаж на градителот на
Скопје, Кензо Танге; понатаму варијации на тема под работен наслов:
“Rebuilding of Skopje” промовирани преку veb-sajtot skopje1963.com па
потоа и интернационални изложби на поттемата “Your Aid to Skopje” во
Музејот за применети уметности во Виена: МАК. Во периодот од 2004
година па до денеска сценарио за документарен филм “Име без Град”,
негово снимање, продукција и први прикажувања во Скопје и Виена…
Форум Скопје 2008 беше, е, само логич но следство на сите овие настани.
На Форумот имаше многу архитекти
и експерти од странство. Некои од нив најавија дека и понатаму ќе се
занимаваат со оваа тема. Дали беше тешко да се анимираат и да се
донесат во Скопје и од каде интересот кај нив за оваа тема?
Интересно прашање. Експертите од странство не беа само архитекти туку и
историчари на уметност, теоретич ари, урбанисти, писатели, итн. Се
почна кога ја најавив идејата Форум Скопје – подиум за дискусија,
тркалезна маса, мојот ментор, професор д-р Ерих Рајт ме поддржа и
најави дека би земал учество. Тоа ме охрабри целиот настан да го
проширам на едно поголемо ниво поканувајќи експерти за кои не ни мислев
дека некогаш би дошле во Скопје. Некои од нив, својот интерес го
проширија кон повеќе аспекти на архитектонско, теоретско и урбанистичко
ниво и најавија дека ќе го земат во своите истражувачки дела како еден
од најинтересните примери од Југоисточна Европа. Самото тоа е огромен
успех и промоција на Скопје кон Европа, да не зборуваме и за
долгорочните ефекти што тоа би ни ги донело нам, скопјаните. Кога ги
правев првите договори за тоа кој да учествува, првиот коментар што го
добив од нив беше: “Ама јас не сум стручен на темата Скопје, јас и
воопшто немам поим како изгледа тој град, што ќе барам јас таму?”.
Моето образложение беше дека токму поради тоа и се тие избрани, луѓе,
професионалци, кои ќе можат да формираат целосно објективно мислење за
нашиот град, без претходни сознанија и субјективни мислења, по
принципот на tabula rasa. Веднаш прифатија.
Веројатно малкумина знаеле дека
во Скопје се уште постои оригиналната макета на централното градско
подрачје што ја правел Кензо Танге. За време на Форумот таа беше
изложена во Музејот на град Скопје. Како и каде ја пронајдовте, во
каква состојба беше, кој ја поправаше и што со неа понатаму. Што
чувствувавте кога ја видовте и што мислите за нашата негрижа за таквите
работи?
Идејата и настапот околу целата тема Скопје никогаш не ми беше со
критичен карактер затоа и не би сакал да ги изразувам моите лични
ставови околу негрижата и неорганизираноста кај нас. За макетата морам
да кажам дека сум пресреќен што, ако не цела, барем дел од неа излезе
дека с” уште постои. Нема да ја коментирам состојбата во која ја
пронајдов со помош на Јасминка Намич ева, куратор од Музејот на град
Скопје бидејќи се чини бесцелно. Важно е дека со помош на странски
донации, најголема благодарност до австриската амбасада во Скопје и
“Про Хелветиа”, успеав да ја извлечам и да ја дадам во мајсторските
раце на нашиот најдобар макетар Мошо, кој успеа да направи чудо од
чудото на Танге. Макетата лежеше сосема заборавена во еден зафрлен дел
во депоата на Музејот на град Скопје, покриена со прав, каучи и
плакари. Ја идентификувавме преку стари фотографии.
Вашата
посветеност на Скопје, поточно на неговиот развој по земјотресот ја
покажувате и со документарниот филм “Име без град” кој зборува за
почетоците на обновата на разурнатиот град. Дали планирате тој филм да
го понудите на фестивали и воопшто, од каде интересот за филмот. Дали
планирате и нешто ново?
“Име без град” како и Форум Скопје беа, како што напоменав претходно,
логичен напредок на истражувачката работа за Скопје. За филмот развив
синопсис по текст на писателот Ермис Лафазановски и успеав да го
реализирам во период од 18 месеци. Моментално се работи на тоа овој
филм да види фестивали, но и поголема промоција помеѓу самите скопјани.
Во 2003 година реализирав архитектонски проект во Австрија токму преку
медиумот филм. Се покажа како тотален успех и одличен метод за
комуникација помеѓу архитектонската идеја и граѓанското мнение. Самата
методологија ме наведе на тоа архитектонскиот агол, теоретскиот агол на
гледање на нештата, наместо преку текст, да ги пренесам преку слика.
Прво била сликата, па потоа идејата. Ново планирам секогаш, детали не
можам да откријам, бидејќи и мене самиот уште не ми се доволно јасни.
По се ова дали ќе ги продолжите истражувањата и ангажманите на тема Скопје?
Форум Скопје ми остави огромна колекција материјали која ја збогатувам
се повеќе. Оттука ќе произлезат пред с” изложби, интернационални, кои
тематиката Скопје би ја пренеле на едно поголемо ниво. Понатаму
истражувањето би го вклопил преку текстови, планирам публикација во вид
на книга со целата дебата која се водеше шест денови на Форум Скопје па
и тоа да го сведам на докторска работа во сферата на урбанизмот. Форум
2009, кој ќе го организираме идното лето итн.
Едно од прашањата
загатнати на форумот беше зошто не е до крај реализиран планот на Кензо
Танге и дали тој може да се доврши сега, односно да се инкорпорира во
сегашните планови. Кое е вашето лично мислење за ова сега, кога се
навршуваат 45 години од катастрофалниот земјотрес?
Еден град е огромен процес, или како што вели професор Богдан
Богдановиќ: “Градот е сценографија на која секој граѓанин има право”.
Оттука би тргнал со мислата дека по 45 години не може да се
оптоваруваме со тоа што останало нереализирано, тоа веќе не може да се
имплементира. Градот се менува од година во година, за Скопје овие 45
години се како цела една епоха во која градот многу губи и многу
добива. Народот се менува и неговите очекувања се менуваат. Луѓето
растат заедно со градот. Неблагодарно би било да се вртиме кон минатото
и да почнеме да ги надополнуваме пропустите од пред 40 години. И тоа
само по себе би било само уште еден пропуст. Треба да учиме од
настаните во минатото, но да гледаме напред, да ги следиме светските
трендови. Периодот од 45 години по земјотресот е одличен тајминг да
почнат да се поставуваат основи за комуникација која, според мене, ни е
едниствен излез од целата апатија со која е заразен целиот
интелектуален слој кај нас.
Веќе извесно време не живеете во Скопје. Дали од таа дистанца се смени вашиот поглед на градот?
Тоа е едно прашање кое и самиот си си го поставувам еден долг период.
Колку дистанцата кон Скопје ми се “меша” во објективниот дискурс со
самиот себе на темата… Мислам дека не се смени ништо, туку само некои
работи, набљудувајќи ги од страна, ми станаа појасни.
Вие
пред се сте архитект и сега го заокружувате своето образование на
Техничкиот универзитет во Виена. Што планирате понатаму и што ве влече
повеќе: проектирањето или филмот?
Постдипломски студии завршив на Техничкиот универзитет во Виена и
следна фаза ќе биде докторска работа на истата институција под
менсторство на професор Рајт. Професионално не би скршнувал многу од
мојот пат, би се занимавал и понатаму со архитектура, урбанизам,
дизајн… Филмот го гледам како производ, односно како метод, кој сега
засега одлично успевам да го имплементирам во архитектонскиот јазик.
Дали сте проектирале, што, со кого соработувате и што ви е најдраго од вашите дела?
Со архитектура, конкретно проектирање, активно се занимавам уште од
самиот почеток на моите студии во Виена. Прво учев, потоа учев, денес
се уште учам…такво е проектирањето. Сум работел на поголем број
проекти во Австрија, Италија и кај нас. На некои проекти работев
индивидуално, но најчесто кај нас соработувам со архитект Бојана
Димитровска. Во Австрија сум работел со и за повеќе архитекти, но
најдолго соработувам со архитект Сергеј Никољски. Најдраги ми се малите
дела, два проекта за индивидуални куќи на Водно во Скопје, како и
проектите за познат синџир вински ресторани во Виена.
Светлана ВУКЧЕВИЌ
Објавено во број 86.