Вкупната вредност на извршените градежни работи на објекти што ги граделе деловни субјекти кои се занимаваат со градежна дејност во 2007 година изнесува 6.989.667.000 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани се градело на вкупно 793 објекти.
Вредноста на извршените градежни работи на објекти во индивидуална сопственост изнесува 2.513.360 денари. Во текот на 2007 година, од вкупниот број објекти на кои се градело, завршени се 762 станови чија вкупна површина изнесува 48.718 квадратни метри. Од нив, 646 станови се во индивидуална сопственост со вкупна површина од 41.337 квадрати. Просечната површина на сите завршени станови изнесува 63,9 квадратни метри.
Објавено во број 85.