Медицинскиот центар Милс Пенинсула, кој во моментов е во изградба во Бурлингејм во Калифорнија (САД), ќе биде прв објект изграден со базно сеизмичка изолација. Станува збор за градежен објект кој ќе може да издржи големи сеизмички нарушувања на специфичен и уникатен начин.
Дизајнот кој е дело на архитектите од студиото “Ахен и Ален“ предвидува придвиж ување од 80 сантиметри во хоризонтала и пет сантиметри во вертикала во случај на земјотрес. Според Марк Тискорнија, проект-менаџер на студиото “Ахен и Ален“, вели дека првичната интенција не била зградата да биде сеизмички отпорна, бидејќи била проектирана како стандардна врз база на 2-Д скици. Промената се случила во текот на изработката на дизајнот на зградата кога било утврдено дека ќе се гради во близина на Сан Андреас кој има нестабилно земјиште. Од тие причнни, било побарано да се изработи 3-Д модел на објектот.
Со него се утврдени сите параметри кои ќе му овозможат на овој важен медицински центар да му се спротивстави на кој било земјотрес.
Зградата според проектот ќе биде висока шест ката и ќе располага со вкупна површина од 41.800 квадратни метри.
И сега најважното. Целиот тој располож ив простор ќе биде сместен на специфич на основа која архитектите ја оценуваат сликовито како када. Зградата едноставно ќе се наоѓа во таа када. Секој од аглите на основите кои ќе бидат направени од масивна железна конструкција и ќе може да се спуштаат или издигнуваат неколку сантиметри во или над земјата со што ќе се овозможи адаптација на објектот согласно земјотресната сеизмичност.
На средина од објектот ќе има огромен метален столб во функција на амортизер и балансер на тежината. Со други зборови, при земјотрес, целиот објект ќе се движи во таа када, но не само лево-десно туку и во височина, во зависност од силината на потресот. Според Тискорнија, тежината на зградата ќе биде дополнителен елемент кој ќе влијае на распоредот на потресите рамномерно низ металната када во која се наоѓа медицинскиот центар.
Овој начин на изградба на објекти не е нов во Калифорнија со оглед на трусното подрачје кое има многу земјотреси. Разликата е во тоа што новиот објект е базиран на 3-Д модел што значи дека ќе се врши адаптација не само лево-десно по скалата, туку и горе-доле. Сето тоа ќе биде возможно со еден специјално ископан ров во кој ќе биде ставена вискозна течност која ќе го полни периметарот на основата на објектот.
Просто кажано, во случај на земјотрес, тој специјално дизајниран ров се отвора и вискозната течност излегува и го полни периметарот на објектот. Ако зградата се помести на лево, вискозната течност ќе го исполни спротивниот дел за да го ублажи балансирањето.
Има уште една важна работа. Целиот објект ќе има техничка контрола преку модерната технологија. При земјотрес, навалувањето и исполнувањето на вискозната течност низ основата ќе биде компјутерски следено. Тоа ќе овозможи соодветна реакција на персоналот. Уште поважно, софтверски објектот ќе може да влијае на распоредот на течноста за да се избегнат нагли движења или поостри адаптации кои можат да предизвикаат пукање на фасадата или на одделни катови.
Тоа значи дека дизајнерот со 3-Д моделот утврдил и соодветни рефлексии во случај на екстремни сценарија. Разработени се 14 модели на реакција за кои се мисли дека ќе одговорат на сите можни типови на потреси.
Зградата ќе биде средена со сите можни други придружни архитектонски решенија: соодветен покрив, заштеда на енергија преку специфични стакла, внатрешен дизајн кој за пациентите повеќе ќе асоцира на хотел отколку на болничка околина и слично. Овој модел на 3-Д базична сеизмич ка контрола означува нова ера во дизајнирањето на медицински установи.
П.Р.
Објавено во број 85.