Насловна / Вести / Без жолтата боја на Рајт на фасадата на „Гугенхајм“

Без жолтата боја на Рајт на фасадата на „Гугенхајм“

Image

Стручњаците на њујоршкиот завод за заштита на спомениците категорични

Стручњаците на њујоршкиот Завод за заштита на спомениците го одбија предлогот фасадата на музејот “Гугенхајм” да се обои во онаа нијанса на жолта боја која првобитно ја избра архитектот на овој познат светски меузеј, уште попознатиот Френк Лојд Рајт.

Од 1992 година, фасадата на популарниот музеј на Петтата авенија на Менхетн, е светлосива боја, а таква ќе остане и до крајот на обемните работи на крпење на пукнатините на зданието. Претставниците на музејот немале ни намера да ја променат бојата на фасадата, но одделни групи лобирале за тоа на ѕидовите на зданието да се врати жолтата боја која и била на фасадата кога е и отворен музејот, 1959 година. Од 1963 година, музејот е боен во различни нијанси на сивата, речиси бела боја. Двајца комесари на њујоршката Комисија за зачувување на спомениците изјавија дека мислеле дека Рајт повеЌе би сакал некоја потопла боја.

Директорот на фондацијата “Соломон Р. Гугенхајм” Томас Кренс оцени дека сивата боја најтесно е поврзана со изгледот на зданието во изминативе децении, што значи дека секоја голема промена би можела да се чини радикална.

Објавено во број 84.

Испрати коментар

Scroll To Top