
Специјалната награда што на дипломците по архитектура им ја доделува компанијата “АДИНГ” годинава отиде во рацете на Мери Батакоја, за најдобра дипломска работа.
-Станува збор за повеќенаменски монтаж ен објект на работ на градот Скопје. Објектот е наменет за трговија, образование и администрација со посебно внимание на сите еколошки аспекти. Мојата дипломска работа содржи алтернативни енергетски концепти – вели Мери Батакоја.
На прашањето од “ПОРТА 3” како го коментира хаосот на стилови и бои што во последниве години доминира во нашето опкруж ување таа вели дека проблемот лежи во индивидуалната етика.
-Сигурна сум дека секој инвеститор сака да инвестира во добар проект. Со упорност може да се постигне баланс меѓу барањето на инвеститорот и понудата на архитектот – објаснува Батакоја.
Во врска со идните планови таа се уште не одлучила дали ќе почне веднаш да работи или ќе се дообразува.
Архитектурата за мене е најдобрата и најрадосната професија – вели Мери Батакоја.
Овјавено во број 84.