Денес по повод прославата 73. години Архитектонски факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се одржа свечената седница во реновираниот амфитеатарот на факултетот. На свеченоста покрај вработените, студентите, колегите и пријателите присуствуваа и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
По свеченото обраќање на деканот на АФС, Огнен Марина, а потоа и на гостите, присутните имаа можност да ги видат и реновираните и новоопремените простории на факултетот: амфитеатарот, училници, вежбални.
Свеченоста продолжи со пригодна прослава во дворот на Архитектонскиот факултетот.
Фото: КИРО ПОПОВ