Становите наменети за мали фамилии, за млади брачни парови или пак за млади лица кои живеат сами, секогаш се интересни, иновативни и софистицирани во своите дизајни.
Иако станот е наменет за млад брачен пар, овој простор има своја одредена живост и динамика. Линиите на мебелот се чисти и ниски, што е инспирација од азиската култура. Добар уметнички потег е тоа што е одбран едноставен лустер во комбинација со белите ѕидови. Спалната соба дава повик на интимност со својата црно–бела прекривка за креветот.