Насловна / Арт и дизајн / 7000 „јајца на око“ од Christopher Chiappа

7000 „јајца на око“ од Christopher Chiappа

Уметникот Christopher Chiappa ги покри ѕидовите на галеријата Kate Werbe во Њујорк со 7000 рачно изработени скулптури во форма на „јајце на око“, креирајќи надреално просторно искуство, коешто уметникот го нарекол Livestrong.jajca na oko (6)

Неговата опсесија со јајца започнала уште во неговото студио, каде што работел на цртежи и фотографии токму со мотивот „јајца на око”, за да конечно Chiappa ги материјализира во серија на скулптури.jajca na oko (5)

Процесот на формирање на мини скулптури подразбирал прецизни хипер-реалистички, жолто-бели скулптури.

Симболичката функција на јајце, кое традиционално ја отелотворува темата на перфекционизам, чистота и воскресение, тука е искривена и изобличена со процесот на „пржење“. Ваквата обесена, „испржена“ варијанта на јајце, исто така ја одразува неповолната и темната страна на нашето постоење.jajca na oko (4) jajca na oko (3) jajca na oko (2) jajca na oko

Испрати коментар

Scroll To Top