Насловна / Вести / 70 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје

70 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје

На 5. октомври, сабота во хотелот Александар Палас во Скопје во 11:30 часот свечено ќе се одбележи 70 годишниот јубилеј од основањето на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

гф4
Градежниот факултет во Скопје е формиран на 6-ти октомври во далечната 1949 година, како еден од двата најстари технички факултети во Република Северна Македонија. Денес по 70 години развој Градежниот факултет во Скопје, како интегрален дел на најголемиот универзитет во нашата држава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставува високо ценета, јавна образовна институција, која врши образовна, научно-истражувачка, применета и издавачка дејност во областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата.

гф3
Градежниот факултет може да се гордее со своите 4689 дипломирани инженери, над 450 магистри и 100 доктори на наука, кои со својата стручност и знаење се имплементирани во стопанството, институциите од јавниот сектор и науката, како во нашата земја, така и надвор од неа.

гф2
Свеченоста ќе се одржи во присуство на вработените и поранешните вработени на факултетот, Премиерот и Заменик Претседателот на владтата на РСМ, Ректорот на УКИМ, Министерот за транспорт и врски, како и многу колеги и пријатели на оваа наша високо ценета, јавна образовна институција.

гф

Испрати коментар

Scroll To Top