Ретко кој архитект има одиграно толку значајна улога во обликувањето на Менхетн во дваесеттиот век, како Ралф Томас Вокер, добитникот на златен медал на Американскиот Институт на архитекти во 1957 година (AIA Centennial Gold Medal), и човек кој од страна на престижниот New York Times е наречен „Архитект на столетието“. Но несомнено, голема дамка во неговата подоцнежна кариера оставија обвинувањата за наводна инволвираност на вработен од неговата компанија во скандал со украдени договори. Тоа придонесува за негова повлеченост од збиднувањата во архитектурата и негова тивка проефесионална изолација. Сепак, во последниве години се случува своевидна реминисценција на неговиот творечки опус, поткрепена со монографија и изложба за неговата работа, одржана во Вокер Тауер (Walker Tower) во Њујорк во 2012.
Појавувањето на Вокер во архитектурата коинцидира со појавата на облакодерите во периодот по Првата светска војна, и особено со арт деко стилот, но останува опонент на стерилноста на модернизмот на дваесеттиот век дури и во своите подоцнежни творечки години. Неговите згради се вбројуваат меѓу најдобрите и највлијателните примери на арт деко архитектурата во светски рамки. Во чест на 125 годишнината од неговото раѓање, во продолжение Ви претставуваме некои од неговите ремек-дела:
1. The AT&T Long Distance Building (New York, New York), 1930
2. Irving Trust Company Building (New York, New York), 1931
3. Times Square Building (Rochester, New York), 1930
4. The Barclay-Vesey Telephone Building (New York), 1927
5. The New Jersey Bell Headquarters (Newark, New Jersey),1929
6. The Western Union Building (New York, New York),1930
7. The Walker Tower (New York, New York), 1929