Во периодот од 11 до 13 септември 2024 година, во Атина, Грција, се одржа 7-миот Меѓународен Симпозиум на Работната група „Брани и земјотреси“ (WGDE) на Европскиот клуб (ЕC) на Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD). После многу успешните симпозиуми на WGDE-EC-ICOLD, каде што првиот се одржа во Saint Malo, Франција, на седмиот настан во Атина се собраа врвните експерти од оваа област за да ги презентираат најновите сознанија од дејството на земјотресите врз браните и да дискутираат за најзначајните предизвици поврзани со сеизмичката отпорност на бетонските и насипните брани.
Симпозиумот се одржа во amphitheatre of the War Museum во центарот на Атина. Симпозиумот го отвори претседателот на EWG on Dams and Earthquakes Guillaume Veylon, a поздравни говори одржаа EurCOLD President S. Lazaridou и GCOLD President C. Papachatzaki.
War Museum во центарот на Атина
Темите на симпозиумот беа следниве: 1. Earthquake hazard parameters (e.g., ground motion, surface fault movements) for dam safety evaluation, 2. Measurement of seismic and post-seismic response of concrete and embankment/tailings dams, 3. Experimental behavior and modeling of dam materials under cyclic loading, 4. Seismic performance of concrete dams and their impacted area. Case histories, analysis & validation, design, 5. Seismic performance of embankment/tailings dams and their impacted area. Case histories, analysis & validation, design, 6. Earthquake safety evaluation of safety-critical dam elements (e.g. spillways, low-level outlets).
Поздравен говор на EurCOLD President S. Lazaridou на свеченото отворање на 7. Меѓународен Симпозиум на WGDE-EC-ICOLD
На симпозиумот беа презентирани поголем број реферати, публикувани во Зборникот посветен на симпозиумот, кои беа рецензирани од научен одбор составен од најеминентните светски научници во областа на сеизмичките аспекти на браните. Со говорна презентација беше презентиран и рефератот Seismic resistance assessment of a diverting rock-earth dam heightened with tailings dam, од авторите Љ. Петковски и С. Митовски. Воедно, подвлекуваме дека на овој научен собир му беше дадено соодветно признание на MаCOLD, со тоа што еден член од нашето Здружение за големи брани беше член на угледниот Scientific Committee of International Symposium on Dams and Earthquakes.
Говорна презентација на Љ.Петковски на Session 5, Seismic Analysis and Safety Evaluation of Embankment Dams – Part II
На крај би истакнал дека овие собири се прилика за добивање на нови сознанија, за неопходни контакти и комуникација со колеги од други истражувачки центри и, што е најбитно, за размена на искуства и споредба на резултатите од научно-истражувачките и апликативните активности.
Автор: Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје
Учесници на 7. Меѓународен Симпозиум на WGDE-EC-ICOLD, Martin Wieland Chairman of the ICOLD Committee on Seismic Aspects of Dam Design, Switzerland, Dimitar Kisliakov President of BunCOLD, Ljupcho Petkovski President of MaCOLD