Насловна / Вести / 7. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“ во Сараево

7. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“ во Сараево

Овогодишниот седми по ред меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“ ќе се одржи во периодот од 6 до 8 јуни, во Центар Скендерија во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираа како успешни бизнис -настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на компании и институции, кои ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка.energa17

Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана за учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“.

Оваа година, меѓународниот саем за енергетика „Енерга 2017“  главен акцент ќе стави на следните дејности: електрична енергија, јаглен, гас и нафта, соларна енергија, еолска (ветерна) енергија, биомаса, енергетска ефикасност и други.

Испрати коментар

Scroll To Top