Насловна / Архитектура / Мултифункционален и одржлив простор за заедницата во Кордоба

Мултифункционален и одржлив простор за заедницата во Кордоба

Проектот на архитектонското студио Eova подразбира создавање на мултифункционален и одржлив простор за заедницата заснован на реновирање и подобрување на спортскиот павилјон CEIP Ferrobús, лоциран во Палма дел Рио, Кордоба.

1

2

Павилјонот е реализиран како резултат на прашањето да се оптимизира пристапноста и да се подобри релацијата со животната средина, така што се предлага алтернативен пристап преку соседната Avenida República Dominicana, со што се создаваат подиректни врски со игралиштата на едукативниот центар со што се потврдува функционалноста надвор од училишните часови, односно истиот се отвара за широките народни маси со идеја да уживаат во просторот.

3 4

Архитектонското студио Eova студио не само што се обидува да го ревитализира спортскиот павилјон, туку и неговото социјално влијание и  ја подобрува одржливоста, на таков начин што материјализира проект кој ја тангира енергетската ефикасност додека во истовреме ја одржува хармонијата со непосредниот природен контекст.

Проектот опфаќа оптимизација на постојната конструкција. Исто така, создава фасада што комбинира различни материјали, како што се поликарбонат и перфориран брановиден лим, со цел да се намали еколошкиот отпечаток на објектот применувајќи ги техниките за одржливост.

6 5 7

Социјалниот аспект на проектот се издвојува во флексибилноста на програмата согласно потребите на корисниците, проектирана да биде домаќин на различни спортски активности и настани кои не само што ќе допринесат за афирмација на едукативниот центар, туку и ќе го збогатат социјалното ткиво на предградието V Centenario . Идејата е да се создаде Павилјон за повеќекратна употреба кој ќе биде инклузивна точка за состаноци за заедницата, поттикнувајќи на што поголемо учество преку промоци ја чувството за припадност.

Надворешноста на зградата, составена од вертикално фиксирана застаклена решеткаста фасада, ја одразува посветеноста на топлинска и акустична ефикасност, притоа давајќи приоритет на природната осветленост и вентилација на влезната партија, намалувајќи ја зависноста од дополнителни системи за термичка удобност. Овој пристап ја нагласува чувствителноста кон еколошката одржливост, настојувајќи да го минимизира влијанието на зградата врз животната средина.

9

10

Одлуката за зајакнување на главната фасада со отпорни материјали одговара на потребата да се заштити павилјонот од можни акти на вандализам, со што се гарантира неговата издржливост и функционалност, додека додавањето на уметнички хроматски дизајн за спортските терени ја надополнува оваа практична мерка со создавање атрактивна и стимулирачка внатрешна средина за корисниците.

Подобрувањето на спортските објекти, вклучувајќи нови терени и простори за одлагање, ја зајакнува социјалната природа на проектот нудејќи ѝ на заедницата комплетна и пристапна спортска средина.

11 12 13 14

Дополнително, состојбата и инсталацијата на системите ќе се врши преку имплементирање на ефикасни технологии во осветлувањето, вентилацијата и противпожарната заштита. Ова не само што ја подобрува функционалноста и безбедноста на зградата, туку и покажува постојана посветеност на еколошки практики.

Проектот не само што сака да го ревитализира спортскиот павилјон, туку и да го нагласи неговото социјално влијание и посветеноста на одржливоста. Со создавање на инклузивен и свесен простор на заедницата, се надеваме дека ќе се подобри квалитетот на животот на жителите и ќе се промовира посилна, поодржлива заедница на долг рок.

Испрати коментар

Scroll To Top