Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (IRENA) неодамна објави дека во 2013 година бројот на вработени во секторот за обновливи извори на енергија бил 6,5 милиони ширум светот. Агенцијата известува дека оваа бројка покажува постојан пораст. Земјите што се најголеми работодавачи во овој сектор се: Кина, Бразил, САД, Индија, Германија, Шпанија и Бангладеш. Најголеми работодавачи по сектори се: соларната фотоволтаична индустрија, биогоривата, ветерот и биогасот.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / 6,5 милиони вработени во секторот за обновливи извори на енергија