Насловна / Екологија / 65 градски водоводи во Србија со неисправна вода

65 градски водоводи во Србија со неисправна вода

 

vodovod2

Познато ни е дека ужичаните во последно време мака мачат со квалитетот на водата за пиење, но во Србија тие не се единствените што имаат причина за загриженост. Од 154 градски водоводи во Србија контролирани во текот на минатата година, 65 не биле во состојба да испорачаат квалитетна вода за пиење. Од дури 32 водоводи водата не задоволувала ниту според физичко-хемиските ниту според микробиолошките параметри.

Анализирано по области, во централна Србија несоодветен квалитет имале 29 од 112 водоводи. Во Војводина пак, тој сооднос е уште полош: од вкупно 36 водоводи, 26 се под нивото и според  физичко-хемиските и според микробиолошките параметри.

Ова се податоци од Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ кој наскоро треба да биде објавен во целост.

Испрати коментар

Scroll To Top