Насловна / Вести / Бриони ќе добие модерен туристички лик

Бриони ќе добие модерен туристички лик

brioni

Еден од најубавите хрватски острови, на кој беше и резиденцијата на Јосип Броз Тито, наскоро треба да добие модерен туристички лик, пишува Јутарњи лист. Целта е хотелите Нептун, Истра и Кармен да се претворат во два објекти со пет ѕвезди, со капацитет од 335 планирани кревети. Тука е и измената и реконструкцијата на сите постоечки објекти. Се планира и изградба на нов хотел Голф и спа рисорт со капацитет од 186 соби, кои ќе ги гради една од најреномираните хотелски куќи во светот. Градежната оператива е на Бриони и за некој месец островот може да прими поинаков изглед, дознава Јутарњи лист.

Испрати коментар

Scroll To Top