Насловна / Вести / 60. години од скопскиот земјотрес – „ИЗИИС ЗА СКОПЈЕ“ – Градиме издржливост

60. години од скопскиот земјотрес – „ИЗИИС ЗА СКОПЈЕ“ – Градиме издржливост

По повод 60. години од скопскиот земјотрес Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (ИЗИИС-УКИМ) организира серија на настани за одбележување на овој трагичен дел од историјата на Скопје под мотото „ИЗИИС ЗА СКОПЈЕ“ (http://www.iziis.ukim.edu.mk/mk/iziis-za-skopje-2/)

Во тој контекст денес се организира и централен завршен настан кој ќе се одржи во дворот на ИЗИИС со почеток од 09:30 часот.

IZIISzaSKOPJE_AGENDA_MK (1)_001

60 ГОДИНИ СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

Земјотресот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и траел приближно 20 секунди. Почуствуван е со интензитет од IX степени според Европската макросеиз- мичка скала. Бројот на загинати е проценет на 1.070, со над 4.000 повредени и повеќе од 200.000 лица без покрив над главата.

Вкупните економски загуби се проценети на околу 470 милиони американски долари (1963 година), што е еквивалентно на околу 3,9 милијарди американски долари во 2023 година. Покровителството на ОН одиграло клучна улога, во чии рамки преку 80 земји придонесоа со својата финансиска, техничка и друга помош.

ззз

Скопскиот земјотрес од 1963 година помогна да се премости јазот меѓу источниот и за- падниот блок за време на Студената војна. Скопје стана симбол на меѓународната соли- дарност и соработка.

Обновата на Скопје по земјотресот беше масовен потфат во кој учествуваа многу меѓународни организации и земји. Градот беше награден со Златен медал на Меѓународната унија на архитекти во 1971 година, а напорите за реконструкција беа наведени како мoдел за другите градови низ светот.

Скопскиот земјотрес одигра значајна улога во развојот на градежното инженерство иницирајќи нови прописи за проектирање и градба на сеизмички отпорни конструкции.

По Скопскиот земјотрес, во 1964 г. во Скопје се одржа првата Европска конференција за земјотресно инженерство, каде се донесе одлука за формирањето на Европската асоцијација за земјотресно инженерство.

Со одлука на Универзитетскиот сенат и по препорака на ОН во 1965 основан е ИЗИИС со мандат активно да учествува во обновата на градот и обезбеди постојан напредок во науката, образованието, истражувањето и унапредување на техничките прописи во областа.

из1

ПРИДОНЕС НА ИЗИИС ВО ОБНОВАТА, РЕКОНСТУКЦИЈАТА И СОВРЕМЕНИЕТО НА СКОПЈЕ

1965-1990

Период на пост-земјотресна реконструкција на градот Скопје и засилена архитектонска активност за создавање на општествено значајни објекти и станбени населби во кој ИЗИИС учествува во проектирање, санација и зајакнување на оштетените културно-историски објекти во градот и старата Скопска чаршија, во проектирање, консултации и ревизија во фаза на проектирање на нови општествено значајните објекти (Соборен храм, зграда на Владата, Народна и универзитетска библиотека, Комплекс Скопски саем, Градски трговски центар, Телекомуникациски центар, Комплекс Банки, Универзитетски центар – УКИМ, Музеј на Македонија, МТВ, МАНУ, ЗОИЛ, МОБ, училишни, здравствени и други објекти), во изработка на статичка и сеизмичка анализа со димензионирање, неретко и ин-ситу експериментално испитување, на сите станбени објекти со спратност поголема од П+5 и репрезентативни висококатници во Скопските станбени населби (Градски Ѕид, Карпош, Аеродром, Топанско поле, Порта Влае, Порта Буњаковец, Дуќанџиќ, Козле, Јане Сандански, Железара, Карпош ИВ, Скопје – Север, Капиштец, Вардар, Ново Лисиче, 11 Октомври и 13 Ноември).

1991-2023

По осамостојувањето на државата ИЗИИС продолжува со примена на научните и професионални сознанија: во изработка на градежно-конструктивни проекти за новопроектирани општествено значајни објекти (Македонскиот народен театар, Фонтана со скулптура, Порта Македонија, пешачки мост ОКО, Нов Клинички центар Мајка Тереза и други), во проектирање на конструктивно зајакнување или реконструкција (Вила Македонија, Парламент, Министерство за транспорт и врски, црквата Рождество на пресвета Богородица и други), при ревизија или супер-ревизија на градежно-конструктивни проекти (Уставен Суд, Јавно обвинителство, Министерство за надворешни работи, Македонска филхармонија, ПЕТ центар и комплексите Џевахир Скај Сити и Дајмонд Скопје-Лимак), при изработка на експертизи, сеизмички скрининг и студии за постојна состојба на објектите (Собрание, АД Македонски Телеком, индустриски комплекси, дипломатски претставништва, објекти во Клинички центар, општински, училишни и други објекти), при изработка на карти за сеизмичко зонирање согласно барањата на Еврокод 8.

2013-2023

Согласно законската регулатива во земјата ИЗИИС добива мандат да издава Мислење за проектиран и изведен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита за сите новопроектирани објекти на територијата на државата со што врши дополнителна контрола на целокупниот процес на проектирање/ревидирање на проектите и изведба на објектите во согласност со стратегијата на државата за намалување на ризици од катастрофи и заштита на населението и материјалните добра.

сс

 

Испрати коментар

Scroll To Top